Ајде да биде поткрепена мојата верзија за здрава ужинка со рецепт, за домашен млечен намаз.
Брзо се спрема, па секогаш во овие помали количини го правам за да е посвеж.

Во млекото, кое сте го затоплиле (колку топло еве едно мерило - ставате го малку малото прсте во млекото и нека ви издржи жешко броејќи до 5), додајте го медот и мешајте целосно да се истопи. Додаваме и јогурт и мешаме. Садот се прекрива со фолија за свежо, па се остава така на собна температура наредните 24 саати.
После се вади фолијата и веќе фатеното млеко се тура во газа над цедилка, самостојно да си се цеди. По 12 саати цедење (убаво би било во фрижидер да го оставите да се исцеди), ќе добиете прекрасен млечен намаз, кој може да се искористи за во слатки или солени верзии на храна со додавање на сол или зачин. Во случајот за ужинка, со додавање на шлаг како евтина замена на маскарпоне.....уживајте го по избор

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови