Во длабок сад ставете го брашното додадете сол, оцет, шеќер, маслото и квасецот.
Млекото загрејте го да биде млеко и замесете тесто да биде по намеко доколку има потреба додадете брашно .
Тестото месете го додека биде мазно и оставете да стаса околу 30 минути.
Од тестото оформете две долгнавести векни леб и ставете ги во тавче на хартија.
На лебот направете му неколку црти и со четка премачкајте го млеко ставете сусам одозгора и во текот на стасувањето премачкувајте го со млеко се додека се потроши млекото.
За двете векни треба да потрошите околу 70-80 мл млеко.
Печете на 180 степени додека добие убава румена боја а потоа намалете на 160 .
Печењето е зависно од рерната.
Испечениот леб премачкајте го со малку вода и масло и покријте со најлонска фолија да омекне.
На здравје !!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови