1. Од наведените состојки измесете глатко тесто. Откако ќе го измесите, премачкајте го со 2 лажици масло и повторно премесете го.

2. Фантот спремете го спрема упатството. Кромидот изрендајте го. Додадете ги во меленото месо заедно со јајцето и магдоносот. Се убаво измесете.

3. Тестото поделете го на 3 исти делови и еден малку помал. Трите теста развлечете ги во еднакви правоаглони кори со дебелина од околу 3 мм (отприлика 15х25 или малку повеќе). Филот поделете го на 3 еднакви дела и премачкајте го врз секое од тестата. Наредете ги едно врз друго и внимателно завиткајте ги во ролат.

4. Ролатот префрлете го во плех обложен со пек-хартија и премачкајте го со растворената жолчка. Од четвртото тесто направете укрсани фигури за одозгора. Премалкајте ги и нив.

5. Печете во загреана рерна од 180 С 45 мин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани