Декоративна месна векна со печурки
Украсна и декоративна месна векна воедно и преубав комплетен ручек.
Подготовка.
1. На почеток пилешкиот стек го мелеме во сецко. Кромидот го сецкаме или мелеме во сецко и заедно со сите зачини замесуваме.
2. На меленото месо му ги додаваме сите зачини и исто така го замесуваме. Прво кромидот исецкан, потоа јајцето, а потоа зачините.
Двете смеси ги оставаме петнаесетина минути во фрижидер.
3. Шунката, печеницата и кашкавалот ги сечеме на тенки кришки. Краставичките и морковот ги сецкаме на покрупни коцки. Откако ги подготвивме сите работи почнуваме со редење на векната.
4. Почнуваме со свинскиот фил врз него го редиме кашкавалот потоа печурките. Врз печурките ја ставаме шунката, печеницата потоа повторно кашкавал.
5. Пченката, краставичките, морковот и грашакот ги ставаме врз кашкавалот. Потоа врз нив ја ставаме пилешката смеса.
6. Векната ја печеме на 190степени околу 45мин. покриена со фолија. Од оваа смеса излегуваат две векни од делимано правоаголниот силиконски калап.
Забелешка.
Јас ја подготвувам како семеен ручек во комбинација со печени компири со сусам и салата со печурки. Но морам да напишам дека е многу декоративна убава на око и за поголеми семејни прослави.
Доколку ви се допадна нека ви е на здравје!!!
Лиценца: Сите права се задржани