Декоративна месна векна со печурки
Состојки
- прв фил од месо
- 300гр. пилешки мелен стек
- 1 јајца
- 1 кромитка
- 1 лажичка лебни трошки
- 1 лажичка мешан зачин
- втор фил од месо
- 300гр. свинско мелено месо(може и телешко)
- 1 јајце
- 1 кромитка
- 1 лажичка мешан зачин
- 1 лажичка црвен пипер
- 1 лажица лебни трошки
- малку бибер и оригано
- Внатрешен фил
- 200гр. печурки(шампињони)
- 100гр. пченка(во мојов случај домашна варена на клас)
- 100гр. краставички
- 100гр. морков
- 100гр. грашак
- 100гр. свинска печеница
- 100гр. кашкавал
- 100гр. свинска шунка
- малку бибер и оригано
Подготовка
Украсна и декоративна месна векна воедно и преубав комплетен ручек.
Подготовка.
1. На почеток пилешкиот стек го мелеме во сецко. Кромидот го сецкаме или мелеме во сецко и заедно со сите зачини замесуваме.
2. На меленото месо му ги додаваме сите зачини и исто така го замесуваме. Прво кромидот исецкан, потоа јајцето, а потоа зачините.
Двете смеси ги оставаме петнаесетина минути во фрижидер.
3. Шунката, печеницата и кашкавалот ги сечеме на тенки кришки. Краставичките и морковот ги сецкаме на покрупни коцки. Откако ги подготвивме сите работи почнуваме со редење на векната.
4. Почнуваме со свинскиот фил врз него го редиме кашкавалот потоа печурките. Врз печурките ја ставаме шунката, печеницата потоа повторно кашкавал.
5. Пченката, краставичките, морковот и грашакот ги ставаме врз кашкавалот. Потоа врз нив ја ставаме пилешката смеса.
6. Векната ја печеме на 190степени околу 45мин. покриена со фолија. Од оваа смеса излегуваат две векни од делимано правоаголниот силиконски калап.
Забелешка.
Јас ја подготвувам како семеен ручек во комбинација со печени компири со сусам и салата со печурки. Но морам да напишам дека е многу декоративна убава на око и за поголеми семејни прослави.
Доколку ви се допадна нека ви е на здравје!!!