Меснати чамци
Драги мои, мојот јубилеен 100ти рецепт на Мои рецепти го посветувам на сите вас со кои со огромно задоволство се дружев точно 5 месеци откако случајно го започнав моето членство на оваа страница. Се надевам дека дружбата и понатаму ќе расне со нас и со новите членови кои ќе доаѓаат)))
Во водата се става шеќерот, издробениот квасец и прстофат брашно и се остава да стасува.
Млекото во кое сме го додале салото се замлачува. Не мора да чекате салото да се стопи.
Солта и повеќе од половина количество брашно се истура во садот во кој ќе го месиме тестото. Правиме вдлабнатина и во неа го истураме стасаниот квасец, јајцето и жолчката. Месиме тесто со додавање на преостанатата количина брашно и го оставаме на топло на нарасне.
За тоа време го спремаме филот. Во меленото месо го додаваме изрендан кромидот, јајцето и зачините и со помош на презлата измесуваме. Презла додаваме додека не се створи компактна целина која ќе можиме со раце да ја оформуваме. Формираме топчиња со големина на орев.
Нараснатото тесто го истураме на набрашнета работна површина и го делиме на два дела. Од секој дел расукуваме правоаголна кора која ја сечиме на коцки.
На секоја коцка во средината ставаме рамно лажиче од доматното пире (можи и без него) и по едно топче од спремениот фил мелено месо. Спротивните страни ги превиткуваме странично до топката фил, но не ја покриваме цела со тестото. Краевите на другите спротивни страни ги стиснуваме со прстите и ги виткаме како бомбони.
Чамците ги редиме на подмачкан плех за печење, ги премачкуваме со белка и печиме на 180 степени 15-20 мин., односно додека не поруменат. Печени, ги премачкуваме со масло и ги оставаме некои 5-10 мин. покриени со кујнска крпа.
Идејата за овие чамци ја видов уште поодамна на интернет. Но ни едно тесто не ми се допадна. Едните беа бесквасни и тврди, а на другите пак многу им се дигаше тестото и го губеа обликот... па јас си направив свое тесто и свој фил и можам да кажам дека излегоја одлични...барем ние така дома отценивме-буквално, ненамерно ручавме од нив. Ако не верувате, пробајте и уверете се и вие)))
Лиценца: Сите права се задржани
Klara, da si ziva i zdrava i mnooooogu recepti ovde da napises!
ние го очекувавме твојот 100-ти рецепт, и навистина бевме љубопитни каков ли ќе биде тој...и сосема беше таков како што очекувавме: комбинација од креативност, снаодливост во кујната, но и одлично познавање на уметноста на готвењето.
Сакаме од се срце да ти се заблагодариме за твојот труд и огромен придонес на МоиРецепти - со рецепти, шеги и ведро расположение :)
За тебе веќе подготвивме награда: Делимано Трио сет http://www.delimano.com.mk/delimano_setovi/prima_set_trio.html
Исто така, би сакале да направиме и интервју со тебе - Првиот готвач кој објави 100 рецепти на моирецепти.мк, но за тоа ќе контактираме преку емаил.
Честитки уште еднаш, се гледаме со нови рецепти.
Искрено,
МоиРецепти
Ви благодарам од срце! Дружбата овдека со вас и членките на сајтот е секогаш задоволство и драго ми е што сум дел од ова прекрасно друштво. Се надевам дека и понатаму уште доолго ќе се дружиме, усовршуваме, учиме и надоградуваме со убави рецепти, понекоја шега и многу забава...
Sega ozbilno, bravo, za celiot angazman koj go pravis ovde, bravo!!!!
Cestitki za jubilejniot recept i za apsolutno zasluzenata nagrada, a intervjuto ke go cekam ijas, so netrpenie :)))
А за интервјуто... што знам... јас сум си срамежлива многу... :)))
Имаме ние и трема и се` во предвид :)
CESTITKI
Светле, само струмичка мастика признавам ;)
сВе да им собереш, сВе, да вриеш до делимано, дупликати да имаш па да се менуваш со комшиките :) :) :) :)
И посакувам да се дружиме, забавуваме и разменуваме уште многу рецепти и кај сите да славиме јубулејни бројки.
Овие 100 рецепти не сметам дека ме прават домаќинка, ниту пак нешто посебно од било кој овде. Домаќин е тој што седи дома, а јас знаам понекогаш и убаво да се расшетам, па отиде домаќинлукот во вода :))) Мајушка, ако се запиши некој на пракса кај мене по домаќинлук, можи и кујната да заборави каде му се наоѓа. Поарно е јас да ве испраксирам забушавање и мрзливост-тоа ми оди од рака :)))
Imam zabeleska no neznam dali si ti prva sto si postavila 100 recepti od ovie vkluceni ovde,Ako si prva,go zamoluvam UREDNISTVO NA MOIRECEPTI,da napravi otvoreno intervju mislam VIDEO INTERVJU,za tvojata trema sigurna sum ,mozebi ja imas ,tokmu taa trema sto sekoj ja ima vo takvi momenti ,no toa brzo isceznuva i see okej,cestitji cestitki,da se ogledame na tebe draga Klara-betjo