Нашиот парохиски свештеник има една прекрасна попадика, чија кујна изобилува со многу убави посни рецепти. Еве еден рецепт кој го научив од попадика Магдалена.

1. Лукчето го лупиме и со малку сол го толчиме убаво.
2. Го замесуваме тестото со сите наведени состојки (вклучувајки го и толченото лукче), да биде меко.
3. Од него правиме топчиња кои ги оставаме убаво да стасаат.
4. Секое топче со прсти го развлекуваме и го ставаме да се пржи во врело масло. Додека се пржи од едната страна, врз мекицата, со лажица полеваме од врелото масло, за да убаво се подига и нарасне, па ја превртуваме откако ќе се испржи долната страна.

Забелешка
Може да користите и лук во прав или ситно да го исечкате. За пржење користам исклучиво палмово масло. Начинот на приготвување на мекиците, го научив од мајка ми, а составот ми е од попадика Магде. Значи можете да си ги пржите по свое, да си ги замесите по свое, а во составот да ги внесете и овие состојки. Мекиците се меки, вкусни и како воопшто да не се пржени во масло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани