Медењаци со ѓумбир
Медот пожелно е да ви е течен. Ако е зашеќерен (ферментиран) тогаш стопете го на рингла на многу мала температура во огноотпорен сад или со правилната процесура за топење на мед ставајќи ја тегличката во поголем сад со вода и на мала температура загревајте додека се растопи.
Јајцата со жица за матење благо разматете ги.
Измешајте ги најпрво сувите состојки, па потоа додадете го маргаринот месејќи и едно по едно течните за на крај да завршите со млекото кое и ќе ја регулира компактноста на тестото.
Оставете го тестото во фрижидер 1 час.
Одмореното тесто развлечете го во кора од 3-5 мм дебелина и сечете со калапчиња фигури за медењаци. Редете ги во подмачкан или обложен плех со пек хартија и печете на 180 степени некои 10на мин., односно додека благо не потемнат.
Печените медењаци оставете добро да се изладат.
Спремете ја ројал смесата за премачкување така што со жица за матење ќе ги разбиете белките до степен како за омлет (не во шам) и потоа мешајќи постепено ќе го додавате шеќерот во прав и на крај киселината.
Смесата поделете ја на повеќе дела во зависност од тоа колку бои мислите да мешате и обојте ја, па шарајте ги медењаците и оставете на крај добро да се исушат.
Уживајте во вкусот на зимата со овие медењаци и израдувајте ги најмалите, така што додека сечите фигури на едниот крај правете им мали дупчиња низ кои на готовите медењаци ќе провните украсен конец и ќе им ги подарите како лампиони.
Ова се моите први медењаци кои со скептичност ги правев не знаејќи дали на крај успешно ќе ја погодам и смесата за украсување и дали успешно ќе ги завршам. Искрено, резултетот ме израдува )))
Лиценца: Сите права се задржани