Подготовка на пирето од дуњи
Прелијте ги дуњите со сокот од лимон и налејте ја водата. Варете некои 15-20 мин мешајќи. Смесата потоа испасирајте ја, додајте го сувото овошје, измешајте и оставете да се лади.
Јас ги правев Локумите од дуњи на Лили, па од таму си одделив 200 гр и додадов брусница.

Подготовка на мафините
Изматете го маргаринот со шеќерот и ванилата, а потоа додавајте ги јајцата едно по едно. Додадете ги и сувите состојки, а потоа со лажица вмешајте го пирето од дуњи (потребно е 200 гр) , кората од лимонот, чоколадото и румот.
Тестото е малку густо, па ќе треба внимателно да го набиете во калапите за мафини, а можи и во оние за мини куглофи и исто така можи и во тава да се печи.
Печете на 180Ц 20на мин. Доколку печите како колач, печете уште 10на мин повеќе. Проверете со чепкалка.
Печените мафини, подоладете ги во калапот пред да ги извадите и пред служење посипете ги со шеќер во прав.

* Наместо пире од дуњи исто така можи да се спреми и со јаболка, но јас се уште не сум пробала.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови