Маринирано ребро на скара
Ситно го сецкаме магдоносот на даската за сецкање. Се додаваме во еден сад во кој ќеја подготвиме маринадата. Лимонот го цедимеи сокот оди во садот.
Сите останати состојки кои ги наведов горе се мешаат во садот. Се земаат ребрата и се премачкуваат со маринадата и се оставаат еден час да отстојат.
Скарата ја премачкуваме со маснотија и ги редиме свинските ребра. Како се печат, така постепено се премачкуваат со маринадата. Се превртуваат од другата страна и истата постапка и таму ја повторуваме. Готовите свински ребра, не ви ни спомнувам како да ги сервирате зашто мирисот нема да ви дозволи да губите време на сервирање. Ставете си црвено вино и уживајте во вкусот.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Да не сппомнувам и некоја вешалица,колбавчеее.....:):) :)