Макарони во кремаст сос
Начин на подготовка
1. Во подлабок сад, во зовриена вода, во која сте додале сол и малку масло, сварете ги макароните според упатството на кесичката.
2. Во подлабока тава на малку путер и масло, пропржете го ситно исецканиот кромид, додека да добие стаклест изглед. Во тавата додајте ги печурките изецкани на листови и нив пропржете ги. Додајте го виното и поклопете кратко со капак, кратко додека се динстаат.
3. Зачинете ги со сол, бибер, мешан сув зеленчук. На крај во тавата истурете ја неутралната павлака, додајте кари, лук во прав, пармезан и сенф. Оставете ја тавата на оган уште кратко време, додека кремот не се згусти.
4. Макароните исцедете ги и додајте ги во тавата со сосот од печурки. Промешајте и топли сервирајте ги. Врз нив ставете парчиња пармезан и ситно сецкани перца од млад кромид.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови