19
дек
2014
Макарони со кремаст сос од шери домати
Во поголема количина солена зовриена вода ставете ги макароните да се варат.
Доматите и лукчето ставете ги во сецко и убаво изблендирајте ги.
Додајте ја рикотата (замена урда), малку сол и неколку капки табаско сос.
Уште еднаш убаво изблендирајте.
Во тава на оган ставете го путерот да се растопи.
Потоа додајте го сосот.
Откако ќе се затопли ставете ги сварените макарони.
Промешајте убаво и послужете си се.
Лиценца: Сите права се задржани