Лиснато со праз и сланина
Лиснато со сирење, праз и сланина, добитна комбинација за љубителите на праз. Лиснатото тесто може да си го подготвите по ваш/наш рецепт или да си го купите.
Подготовка
1. Празот, сирењето и сланината ги сечкаме на ситни коцки.
2. Ги соединуваме со кисела павлака и ги зачинуваме со бибер.
3. Ја вклучуваме рерната да ни се загрее на 200-220 степени.
4. Го расукуваме лиснатото тесто да ни биде со димензии 32х32 см.
5. Го делиме на 16 квадрати. Секој од нив го засекуваме , од центар кон еден агол. Краевите ги премачкуваме со разматена жолчка.
6. Во средина ставаме лажица од филот и ги спојуваме двата спротивни агли.
7. Ги ставаме да се печат додека да поруменат.
Забелешка
Калкулирајте со состојки по вкус и создадете погуста смеса на филот.
При печење не успеаја да ја задржат првично зададената форма, ама секако беа вкусни и филот барем не им се растече насекаде.
Лиценца: Сите права се задржани
Ќе си направиме и вакво нешто...