Се замесува тесто од зададените состојки, се расукува поголема кора и се премачкува со путер. Кората се засекува од страните и секое засечено парче се преклопува едно врз друго. Создадената топка од тесто ја оставаме околу 1/2 час во фрижидер.
Потоа ја расукуваме кората да ни биде некаде со дебелина од 5 мм. Кората ја премачкуваме со стопен путер, па со тенок слој урда. Рендаме намирници по желба, кај мене имав нарендано мортадела, чајна и кашкавал.
Сечеме ленти со ширина од околу 3-4 см и ги виткаме како полжавчиња. Ги премачкуваме со разматено јајце и ги наросуваме со сусам и ким. Добро е да се остават да стасаат околу 20-30 минути, па да се печат. Ги печеме во загреана рерна на 220 степени.

Забелешка
Имав различни големини на ова пециво бидејќи ми требаше и како коктел пециво, ама и за појадок, а вие правете ги по ваша желба. Времето на стасување зависи од собната температура.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани