
Лисната пита со тиквички и крем сирење
Во тава на оган ставете малку масло и додајте ги тиквичките изрендани на листови, шампињоните исто така исечени на тенки листови и сецканиот лук.
Посолете, наросете црн бибер и пржете додека тиквичките и печурките омекнат.
Во округол сад за печење ставете го лиснатото тесто и избоцкајте го на повеќе места со вилушка.
Врз тестото ставете ги пржените тиквички и печурки.
Врз нив на повеќе места ставете од ајварот.
Крем сирењето измешајте го со јајцето, копарот и пармезанот и савете го врз ајварот.
Од краевите на тестото формирајте витки и ставете да се пече на 180 степени, 35 минути.
Врз испечената пита додека сеуште е топла посипете рендан кашкавал.
Послужете ја топла, но и ладна подеднакво е вкусна.
Лиценца: Сите права се задржани