Исецкајте го празот и ставете го во тава со маслиново масло да се пропржи.
Налејте и малку вода за да омекне.
Посолете и наросете малку црн бибер.
Откако празот ќе омекне тргнете ја тавата од оган.

Изматете ги јајцата со млекото, а потоа додајте го пропржениот праз и сирењето исечено на помали парчиња.

Во округло плекче ставете го лиснатото, избоцкајте го со вилушка на повеќе места и истурете ја изматената смеса.
Од крајните делови на лиснатото формирајте витки.

Печете на 180 степени, 40 минути.

Откако питата ќе се испече оставете ја малку да се олади.
Послужете со чаша јогурт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани