Лимонада полна здравје (со ѓумбир, краставица и нане)
Еве еден рецепт кој што е полн здравје.
Рецептот не е нешто сложено, напротив е едноставна постапка за подготовка на една необична лимонада, која е повеќе од лековита.
Во стаклен сад ја подготвуваме лимонадата.
На почетокот ги земаме лимоните, ги цедиме и додаваме се освен лушпата.
Значи оди се од лимонот освен лушпата.
Потоа ја лупиме краставицата, ја сецкаме на тркалца и ја дотураме во садот.
На ред доаѓа ѓумбирот.
Го лупиме и ситно сецкаме.
Додаваме во останатите состојки .
Покриваме со вода. Додаваме нане и промешуваме.
Оставаме да отстои 6 до 7 часа.
Повторно промешуваме и цедиме.
Процедената течност е лимонадата.
(Во својот хранлив состав ѓумбирот најмногу содржи витамин Ц, калиум, железо, калциум и магнезиум.)
Па одлучете дали нема да го конзумирате понатаму.
Покрај што има освежителен вкус, има и смирувачки ефект.
Прекрасна е...
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Od vcera pocnav so ovoj pijalok samo sto kolicinite na sostojkite se poinaku....Inace ovoj pijalok uste go vikaat i "Sassy" voda za ramen stomak.....
A sega da kazam deka vkusot e svez i lesno se pie ,iako jas nepijam mnogu tecnosti ovoj pijalok go ispiv vo eden zdiv vo eden den/mojot recept e so 8 casi voda 1 limon ,1 krastavica i kafena lazica dzumbir-rendan ,isto otstojuva vo frizider edna nok pa posle se pie preku celiot den/,a krastavickite posebno mi se bendisaa-krckavi ,a malku lutki od dzumbirot...
Toplo vi go preporacuvam za osvezuvanje kako prvo ,a potoa i za se ona sto go sodrzi pijalokot koj sto pomaga za zdrav zivot..
Прво нешто на памет кога го читав текстот ми дојде рефренот од оваа песна :)
http://www.youtube.com/watch?v=bvd20hb7dEo
... е ај речи дека не ја трефнав ;) :) :)
Килограмите си се мој капитал. Тука труд се вложил за нив, не ми ги гибај ;) :)
Можеби прашањето гопоставив прерано, затоа што треба време да се осети резултатот од пијалокот.