Испечати

Лимонада полна здравје (со ѓумбир, краставица и нане)

Лимонада полна здравје (со ѓумбир, краставица и нане)

Состојки

  • 1 литар вода
  • 2 лимона
  • 50 гр свеж ѓумбир корен
  • 1/2 краставица свежа
  • 3 гранчиња нане

Подготовка

Еве еден рецепт кој што е полн здравје.
Рецептот не е нешто сложено, напротив е едноставна постапка за подготовка на една необична лимонада, која е повеќе од лековита.
Во стаклен сад ја подготвуваме лимонадата.
На почетокот ги земаме лимоните, ги цедиме и додаваме се освен лушпата.
Значи оди се од лимонот освен лушпата.
Потоа ја лупиме краставицата, ја сецкаме на тркалца и ја дотураме во садот.
На ред доаѓа ѓумбирот.
Го лупиме и ситно сецкаме.
Додаваме во останатите состојки .
Покриваме со вода. Додаваме нане и промешуваме.
Оставаме да отстои 6 до 7 часа.
Повторно промешуваме и цедиме.
Процедената течност е лимонадата.
(Во својот хранлив состав ѓумбирот најмногу содржи витамин Ц, калиум, железо, калциум и магнезиум.)
Па одлучете дали нема да го конзумирате понатаму.
Покрај што има освежителен вкус, има и смирувачки ефект.
Прекрасна е...
На здравје