1. Гранчињата коприва се мијат со ладна вода и се засушуваат на крпа да немаат капки вода на себе
2. Во една голема тегла се ставаат прво гранчињата коприва, па врз нив шеќерот и ванилите, па потоа ренданата кора од лимон и портокал и сокот од нив
3. На крај се полева со ракија
4. Треба оваа тегла да стои на суво и темно место околу 15-20 дена пред да се конзумира, повремено промешувајќи ја смесата во неа
  Јас ја подготвив теглата уште пред повеќе од 1 месец и сеуште не сум ја процедила, така само е појака бојата на ликерот и затоа ја оставив копривата во неа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани