Колач со ликер од млади оревчиња
Сега е период во кој се прави ликер од млади оревчиња, па еве еден рецепт за колач со идеја како може да го искористите.
1. За тестото, најпрво се мати путерот додека не стане кремаст, па едно по едно се додаваат јајцата, медот и екстрактот од ванила.
2. На страна во еден сад се мешаат брашното, пецивото, циметот и мелените ореви. Се додаваат во смесата со путер и внимателно се мешаат.
3. На крај се додава ликерот од млади оревчиња.
4. Тестото се става во калап намастен со путер и покриен со хартија за печење и се пече околу 40-45 мин. на 180Ц (ова зависи од рерната, големината на калапот па затоа најубаво е да се проба со чаепкалка). Во текот на печењето ако забележите дека тестото потемнува покријте го со алуминиумска фолија и допечете го.
5. Испечениот колач откако малку ќе се олади се вади од калапот и се остава да се олади целосно пред да се нанесе кремот од бело чоколадо.
6. За кремот белото чоколадо се крши на парчиња и се топи на најниска температура, со 2-3 лажици од слатката павлака. Кога убаво ќе се стопи се остава на страна да се олади (не да се стврдне).
7. Слатката павлака (ладна од фрижидер) се мати убаво. Кога е цврсто изматена и се додава крем сирењето и лажица по лажица од белото чоколадо и повторно се мати само колку да се измешаат состојките.
8. Кремот се нанесува врз колачот и по желба се посипува со сецкани ореви.
Ако ви остане дел од кремот (како на мене) можете да ги искоритите и како додаток на овошна салата од јаготки. Белото чоколадо, слатката павлака и крем сирењето се навистина убава комбинација со јаготките.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови