Лажни кроасани
На некој портал ги сретнав овие лажни кроасани. Па еве, одма ги пробав.
1. Во млака вода ставете квасец, шеќерот, брашно. Промешуваме и оставаме на страна.
2. После активирањето, додаваме во вангличка сол, масло, квасец и постепено од брашното. Ќе добиеме меко тесто. Го покриваме и оставаме да се дуплира.
3. Путерот го сецкаме на ливчиња и го додаваме во тестото. Со раце го преклопуваме. Вака подготвеното тесто, покриено го оставаме во фрижидер да стои 2 часа.
4. Потоа сучиме долга, правоаголна кора. Ја сечеме на триаголници. Виткаме кифли, кроасани, а при тоа со рака малку го влечеме тестото. Ги редиме во плех, премачкуваме со јајце, наросуваме чурек.
5. Нека одморат 20 минути, па ги печеме во загреана рерна. Испечени ги покриваме со чиста кујнска крпа да отстојат 20 минути. Ги сервираме топли.
Лиценца: Сите права се задржани
сега не ми е јасно шо бива со путерот. кко се преклопува? гледам на дополнителната е над тестото. така треба да кисни? и после?
Инаку тоа црното е чурек
Во моментов користам и масло
Е го нема моментот на сучење кора, премачкај, преклопи... Мн брза варијанта се