Испечати

Лажни кроасани

Лажни кроасани

Состојки

  • 20гр свеж квасец
  • 2лажички шеќер
  • 1лажиче сол
  • 4лажици масло
  • 200мл млака вода, или може млеко
  • 350гр брашно
  • 50гр путер
  • јајце и чурек за одозгора

Подготовка

На некој портал ги сретнав овие лажни кроасани. Па еве, одма ги пробав.

1. Во млака вода ставете квасец, шеќерот, брашно. Промешуваме и оставаме на страна.

2. После активирањето, додаваме во вангличка сол, масло, квасец и постепено од брашното. Ќе добиеме меко тесто. Го покриваме и оставаме да се дуплира.

3. Путерот го сецкаме на ливчиња и го додаваме во тестото. Со раце го преклопуваме. Вака подготвеното тесто, покриено го оставаме во фрижидер да стои 2 часа.

4. Потоа сучиме долга, правоаголна кора. Ја сечеме на триаголници. Виткаме кифли, кроасани, а при тоа со рака малку го влечеме тестото. Ги редиме во плех, премачкуваме со јајце, наросуваме чурек.

5. Нека одморат 20 минути, па ги печеме во загреана рерна. Испечени ги покриваме со чиста кујнска крпа да отстојат 20 минути. Ги сервираме топли.