21
апр
2013
Кула од компири
Компирите се сецкаат на многу тенки кругчиња. Моите беа околу 2 мм. Може и да се изрендаат тенко на рамно ренде. Тавата каде ќе ги печете подмачкајте ја со многу малку масло.
Почнете со редење на компирите во круг. Секој нареден спрат нека бидат малку повнатре од тие под нив. Така ќе добиете облик на кула. Ако ви останат компирчиња, а кулата сте ја наредиле, само вметнете ги измеѓу. Вака ќе биде поразиграна.
Попрскајте ја со малку масло и посолете.
Се пече во загреана рерна на 200 степени со вентилатор, додека не е печена или заруменета по ваш вкус.
Лиценца: Сите права се задржани
А за микро печката, знам дека тенко сецкан компир само нареден без преклопување во микро станува чипс. Може да се проба и вака на спратови. Претпоставувам дека крајчињата би биле крцкави, а внатрешните меки.