Кула од компири
Состојки
- по желба компири
- по потреба сол
- малку маслиново масло
Подготовка
Компирите се сецкаат на многу тенки кругчиња. Моите беа околу 2 мм. Може и да се изрендаат тенко на рамно ренде. Тавата каде ќе ги печете подмачкајте ја со многу малку масло.
Почнете со редење на компирите во круг. Секој нареден спрат нека бидат малку повнатре од тие под нив. Така ќе добиете облик на кула. Ако ви останат компирчиња, а кулата сте ја наредиле, само вметнете ги измеѓу. Вака ќе биде поразиграна.
Попрскајте ја со малку масло и посолете.
Се пече во загреана рерна на 200 степени со вентилатор, додека не е печена или заруменета по ваш вкус.