Кромидалник со мелено
Едно од постарите рецепти за тавче со кромид со таа разлика што во оригиналот има и по некое парче сушени црни сливи кои ги изоставаат оние што не ги сакаат, право на избор со сличен резултат.
Најпрво се сечка кромидот на коцки, се сечка исто и чистениот компир и заедно се додаваат во садот во кој ќе го припремаме на малку масло да се пропржат на тивко.
За тоа време од меленото кое сме го зачиниле на вообичаен начин се образуваат топчиња, се кинат сувите пиперки на парчиња. Се ставаат шампињонките да пропржат, се додаваат топчињата мелено, да се забелат кратко време, по нив и пиперките. На крај следуваат виното. Залеваме со вода и зачинуваме со зачините. Натаму следува постапка на динстање под капак на тивко околу 75 мин. Се вади капакот и се потпекува уште петнаесеттина минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Поздрав