Испечати

Кромидалник со мелено

Кромидалник со мелено

Состојки

  • 1кг. чистен сечкан кромид, масло
  • 1 компир лупен
  • 300гр. свежи шампињони
  • 2 суви црвени пиперки
  • 150мл. бело вино
  • 350-400 мл. топла вода
  • 1 лајче мешан зачин, сол, црн пипер, ловор
  • 500гр мелено месо

Подготовка

Едно од постарите рецепти за тавче со кромид со таа разлика што во оригиналот има и по некое парче сушени црни сливи кои ги изоставаат оние што не ги сакаат, право на избор со сличен резултат.
Најпрво се сечка кромидот на коцки, се сечка исто и чистениот компир и заедно се додаваат во садот во кој ќе го припремаме на малку масло да се пропржат на тивко.
За тоа време од меленото кое сме го зачиниле на вообичаен начин се образуваат топчиња, се кинат сувите пиперки на парчиња. Се ставаат шампињонките да пропржат, се додаваат топчињата мелено, да се забелат кратко време, по нив и пиперките. На крај следуваат виното. Залеваме со вода и зачинуваме со зачините. Натаму следува постапка на динстање под капак на тивко околу 75 мин. Се вади капакот и се потпекува уште петнаесеттина минути.