Вргањот потопете го во топла вода и по некоја минута водата истурете ја.
Во тенџере ставете ги сите состојки за чорбата, освен ловоровиот лист и зачините, ставете вода отприлика 2 л и ставете го да се вари. По половина час, смесата изблендирајте ја и зачинете ја. Густината прилагодете ја по вкус, додадете вода ако мислите дека ви е густа. Ако не постите можете да ставите и павлака или јогурт по вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови