Тортелини со сос од вргањ и суви домати
1. Најпрво сувиот враган провријте го во малку вода.
2. Додајте вода во тенџере на оган за тортелините и чекајте да зоврие, а потоа додајте ги тортелините.
3. Во меѓувреме подгответе го сосот. Во тава на оган во маслиново масло попржете го на ситно сечканиот кромид, откако ќе омекне додајте ги и сувите домати исечкани на поситно и одварениот вргањ и попржете.
4. Во тавта додајте и една црпка од врелата вода во која се варат тортелините и оставете водата да искрчка.
5. Додајте го и сечканиот магданос и црн пипер по потреба, а пред да го тргнете сосот од оган додајте го и пармазанот.
6. Тортелините се сварени кога ќе излезат на површината од тенџерето. Процедете ги од водата и додајте ги во сосот и промешајте.
Рецептов кај нас традиционално го спрема маж ми и, а јас само ви го презентирам и сакам да го споделам со вас, дека е огромна делиција.
Лиценца: Сите права се задржани