Крем чорба од сув вргањ

Состојки
- 1 рака сув вргањ
 - 1/3 праз (од големите)
 - 2 компира (средна големина)
 - 2-3 чешњина лук
 - 2 моркова
 - 2-3 ливчиња ловоров лист
 - зачини вегета, бибер, маслиново масло
 
Подготовка
Вргањот потопете го во топла вода и по некоја минута водата истурете ја.
 Во тенџере ставете ги сите состојки за чорбата, освен ловоровиот лист и зачините, ставете вода отприлика 2 л и ставете го да се вари. По половина час, смесата изблендирајте ја и зачинете ја. Густината прилагодете ја по вкус, додадете вода ако мислите дека ви е густа. Ако не постите можете да ставите и павлака или јогурт по вкус.