Крем Ашуре
За деновите на постот, вечерва го спремав ова благо, но без ореви и така е добро, а се подразбира дека со оревите е уште побогат вкусот....
1. Сварете ја пшеницата, истурете ја вишокот на вода и исцедете ја.
2. Во топла вода ставете го сувото грозје да стои додека се спрема останатото.
3. Одделете од сварената пшеница 1/3, а остатокот сомелете или испасирајте.
4. Во испасираната пшеница додадете ги мелените ореви, шеќерот, ванилата, сувото грозје и целото зрно пшеница кое сте го одделите. Измешајте.
5. Во водата растворете го нишестето, додадете кај пшеницата и вратете повторно на огнот да се вари 7-8 мин. додека се добро згусти.
6. Поделете во садовите, посипете со цимет и послужете го оладено.
Забелешка
За Крем Ашуре има многу рецепти, многу, но овој ми е наједноставен за припрема. Кремот трпи да му се додаде и друго суво овошје, вечерва да имав суви кајсии и смокви, ќе ставев и од нив. Ставив ружина водичка, но и ванила.
Чашата е од 200мл
Лиценца: Сите права се задржани
P.S samo vnimavajte na cimetot, koga kupuvate gledajte da e so posvetla boja, kaj nas pazarot se pocesto se vrti edna turska sorta na cimet sto e mnogu stetna po zdravje, osobeno gi nadraznuva bubresite a e poznata kako"Cassia", najcesti ne e napisana za da se prekriat proizvoditelite, koga kupuvate gledajte da pisuva "Ceylon" toa e taa sorta sto pokraj toa sto e mnogu povkusen, ne e tolku temen, nema gorcliv vkus koga e vo pogolema kolicina, tuku dopolnitelno ima i iljadnici doblesti za covekovoto zdravje. Vo slucajot stapceto na slikata e taa losata sorta, dobriot cimet e vo poveke potenki sloevi a ne samo vo eden debel sloj, toj e samo dekorativen, no ne i za jadenje. Za zal samo na nasiot pazar pominuva se i se se prodava. Eden dobronameren sovet, se nadevam nema pogresno da me svanete :) Srdecen pozdrav
Што и да се стави би било превкусно,а со калинка изгледа навистина медитерански,штета што се уште е рано за нив,па тоа би му дошло како есенска верзија.