Испечати

Крем Ашуре

Крем Ашуре

Состојки

  • 500 гр. лупена пшеница
  • 1 чаша шеќер
  • 1 чаша ореви
  • 1/2 чаша суво грозје
  • 1 лажица нишесте
  • 100 мл. вода
  • на вкус цимет
  • на вкус ванилилин шеќер или ружина водичка

Подготовка

За деновите на постот, вечерва го спремав ова благо, но без ореви и така е добро, а се подразбира дека со оревите е уште побогат вкусот....
1. Сварете ја пшеницата, истурете ја вишокот на вода и исцедете ја.
2. Во топла вода ставете го сувото грозје да стои додека се спрема останатото.
3. Одделете од сварената пшеница 1/3, а остатокот сомелете или испасирајте.
4. Во испасираната пшеница додадете ги мелените ореви, шеќерот, ванилата, сувото грозје и целото зрно пшеница кое сте го одделите. Измешајте.
5. Во водата растворете го нишестето,  додадете кај пшеницата и вратете повторно на огнот да се вари 7-8 мин. додека се добро згусти.
6. Поделете во садовите, посипете со цимет и послужете го оладено.

Забелешка
За Крем Ашуре има многу рецепти, многу, но овој ми е наједноставен за припрема. Кремот трпи да му се додаде и друго суво овошје, вечерва да имав суви кајсии и смокви, ќе ставев и од нив. Ставив ружина водичка, но и ванила.

Чашата е од 200мл