1. Рерната ја вклучуваме на 180 Ц.
2. Бисквитите ги мелеме или мелини ги купуваме
3.Во нив го додаваме сокот од портокал,а ако смесата е тврда додаваме уште малку додека не добиеме глатка смеса.
4. Се добро се промешува и се обликува топка.
5. Смесата ја ставаме на работна маса со сукало правиме кора со дебелина од 2-3 мм. и со чаша или форма со дијаметар од 5-6 цм.сечеме кругови.
6. Круговите ги редиме во тава обложена со хартија за печење и ги печеме 12 мин.
7. На страна желатинот го раствараме со 2-3 лажици ладна вода и го оставаме така 10 мин.а потоа го ставаме на пареа да постане течен го промешуваме и го тргаме на страна
8. Во друг сад ги ставаме белките на пареа го додаваме шеќерот и ванилата и мешаме со лажица додека белките не се згуснат а тогаш земаме миксер и матиме со него додека не добиеме цврста смеса (цело време на пареа)
9. Полека во тенок млаз го додаваме течниот желатин и матиме уште 7-8 мин(цело време на пареа).Го тргаме садот на страна и го оставаме да се лади
10. Земаме од белките и со готварски шприц или лажица правиме како куп одозгора врз секој круг и ги ставаме во фрижидер да се стегнат.
11.Чоколадото го кршиме на коцки и го ставаме на пареа да се топи заедно со маргаринот,пред крај додаваме 2-3 лажици зејтин.и ја тргаме смесата да се олади да биде млака за да можат колаченцата да се полијат.Вака спремените колаченца ги ставаме во фрижидер да се оладат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови