Коцки со путер од кикирики
Убавина од колачи, толку многу убави што не ги дочекавме ни да се изладат како што треба..
1. Најпрво подгответе го кремот со какао зошто дел од него треба да ставите и во тестото. Во сад на оган ставете ја водата, 100 гр шеќер и какао. Оставете да проврие на тивок оган и да згусне. Кога ќе ја добие потребната густина тргнете го кремот на страна убаво да се излади.
2. Во меѓувреме подгответе го тестото. Јајцата скршете ги и одвојте ги белките од жолчките. Во белките додајте 100 гр шеќер и матете додека не добиете густ шам. Промешајте ги брашното и презлата и нив додајте ги во изматените белки. Во садот додадете и 2 лажици од изладениот крем со какао. Со лажица внимателно соединете ја смесата и внимавајте белките да не спаднат при мешање. Истурете ја смесата за тесто во четвртаст плех за печење и печете на 160 степени 20 мин.
3. Путерот изматете го пенесто со шеќерот во прав и додајте ги жолчките. По желба и ако имате време може и да ги изматите жолчките со шеќерот и да ги сварите на пареа, па така да ги соедините со путерот. Тоа е повеќе ако колачите ви стојат неколку дена, кај нас не *преживуваат* повеќе од неколку саати. Во изматениот путер со жолчки додадете го кремот од какао и путерот од кикирики. Убаво соединете го филот.
4. Испеченото тесто поделете го на два дела. и филувајте, ред тесто па фил, пак тесто и на крај украсете со преостанатиот фил. Оставете ја тортата во фрижидер неколку часа. Сечете коцки или штангли со големина по желба..
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
п.с.: викај ме тета данче :)))