14
јул
2014
Кох од тиквички и шампињони
1. Тиквичките и морковот се рендаат на појадрата страна на рендето
2. Се додава во нив изрендано или ситно издробено сирењето
3. Потоа се додаваат сите останати состојки - гриз,брашно, печиво, масло за јадење и киселото млеко и се заедно се меша
4. На крај се додаваат и матените јајца и со дрвена лажица се промешува за да се соединат сите состојки
5. Во намрсена тава се става половина од смесата, па врз неа се редат шампињоните исечкани на листови, па врз нив се става и останатиот дел од смесата со тиквички
6. Најозгора се посипува со презла, пармезан и сусам и се става да се пече во загреана рерна на 250 С околу 45 минути
Лиценца: Сите права се задржани