По овој рецепт правам компот од сливи повеќе години. Досега не се расипал, а овошјето останува сосем цврсто.
Теглите измијте ги, добро исушете ги и малку загрејте ги. Сливите измијте ги и исцедете ги. Изберете зрели и цврсти плодови.
Во еден поголем сад ставете ја водата и шеќерот да проврие колку да се растопи шеќерот. Спуштајте ги сливите само на минутка во сирупот и веднаш редете ги во теглите, колку можете погусто, ама не стегајте, за да не ви испукаат плодовите.
Во сирупот додајте го салицилот и румот,  добро измешајте да се растопи и наполнете ги до горе теглите.
Добро затворете ги, оставете да се оладат, па чувајте ги со другата зимница.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани