
15
мар
2014
Компир со целер и пармезан
Компирот се лупи и се сече на парчиња. Целерот се лупи и се ренда на покрупната страна на рендето.
Во подлабок сад се мешаат компирот, целерот, буковецот, рузмаринот, сенфот и зачинот. Се додава зејтинот и кимот и убаво се меша да се соединат зачините.
Компирот се распоредува во кеси за печење и се пече околу 30 минути на 200 степени. Се ваѓа од кесите, се истура во плехче и се поросува со пармезанот. Се враќа во рерна да се запече 10 минути и се сервира.
Во кесата заедно со компирот може да се додаде и месо пилешко,свинско....
Лиценца: Сите права се задржани