Квасецот растворете го со малку топла вода, шеќерот, малку брашно и оставете го да стаса.

Во сад ставете го брашното, солта, стасаниот квасец и со водата замесите тесто. Оставете го да скисне околу еден час.

Во меѓувреме подгответе го филот.
Кромидот исецкајте го и пропржете го на масло колку да омекне. Додајте ги маслинките исецкани на кругчина и измешајте. Посолете по вкус и тргнете го на страна да олади.
Тестото размесете го и поделете го на еден поголем и еден помал дел.
Од поголемиот дел расукајте кора и ставете ја во тепсија намачкана со масло број 38, наредете го филот и ставете ја расуканата кора од помалиот дел. Попрскајте ја со масло и оставете го да скисне околу 40 мин.
Печете го во претходно загреана рерна на 200 степени 30-35 мин.
Готовиот комат попрскајте го со малку вода, покриете го да омекне и послужете го.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани