Брза фокача со млад кромид, домати и маслинки
Во млаката вода растворете го квасецот со шеќерот и малку брашно. Оставете го да запени, потоа со сите состојки замесете меко глатко тесто. Мене ми требаше уште малку вода, но тоа веројатно зависи и од типот на брашното како и млакоста на водата.
Премачкајте го со масло да не лепи, покријте го и иставете го 20 мин да нарасни.
Потоа извадете го тестото од вангла и раплескајте го во тепсија (користев 28) обложена со пек-хартија до самите рабови.
Со помош на рачка од дрвена лажица направете дупчиња во тестото и наредете ја со ситно сечкан кромид, тенки парчиња домати (секако и шери доматчиња одлично би се вклопиле овде наместо стандардите) и наредете маслинки.
На крај посолете со крупна сол и оригано и попрскајте или премачкајте ја со маслиново масло.
Покријте ја и оставете ја уште 20 минути, па печете ја во загреана рерна на 200С околу 40на минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови