Време на подготвување зимница, слатка, па еве го моето омилено слатко со сливи и рум.
Сливите се сечат на тркалца, одприлика секоја слива се сече на три и се вадат семките истовремено. Од кога ќе се исчистат сите во тенџерето во кое ќе се вари слаткото се става ред сливи,ред шеќер, па уште еден ред сливи и на крај шеќер. се покрива со чаршав и се остава да стои 24 часа за сливите сами да пуштат сок и да се стопи шеќерот.
Кога ке поминат 24 часа се става тенџерето на оган и се вари слаткото околу 45 минути до 1 час. Се додава румот и ванилата и се вари уште 15 минути, па се вади од оган. Се полни жешко во тегли и правец на полица да си се лади и да чека да дојде време за сладење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани