Слатко од сливи
1. 50 - 55 сливи се лупат. Се ставаат во вода со малку винобран да отстојат. Додека ги излупите сите сливи излупениот дел сливи ќе стојат 1 до 2 часа во винобран, бидејки ако не ги ставите во винобран тие ќе поцрнат.
2. Потоа повеќе пати ќе ги измиете додека не излезе белото од винобранот. Ги вадите семките од сливите и по желба внатре можете да ставите бадеми, но претходно тие бадеми треба да ги излупите.
3. Се прави шербетот и 15 мин. пред да биде готов се ставаат лимонтусот и ванилата и се варат додека тие не се стопат, се вади пената од површината и со намокрена крпа со вода стои до другиот ден.
4. Потоа слаткото се собира во тегли.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови