Кифли со лимонтус
1. Во вангла ги ставаме квасеците, шеќерот, солта, млекото, јогуртот, маслото, јајцата, пецивото и лимонтусот. Сето се меша и постепено се додава брашното да се добие средно тесто. Јас употребив 1 кг и 300 гр брашно.
2. Се остава да кисни. Откако ќе нарасни се дели на 5 дела. Од секој дел се расукува кора и таа се дели на 8. Од секое делче се витка кифла.
3. Кифлите се редат на плех покриен со хартија за печење и се оставаат да киснат.
4. Јајцето го матиме и кифлите ги премачкуваме со него, посипуваме со сусам и им ставаме по мало парче маргарин врз секоја кифла.
5. Печиме во загреана рерна на 180 степени 20тина минути.
Забелешка - чашата е 250 мл, филџанот е 130мл.
- Јас некои од кифличките ги направив во форма на цвет и им ставив сирење во средината
Лиценца: Сите права се задржани