31
јан
2016
Домашно сушено пилешко со лимонтус
Пилешките гради убаво се посолуваат, па стојат во фрижидер 24 часа.
Потоа исчистете ги од солта и ставете ги во водата во која сте го раствориле лимонтусот. Нека стои 2 часа.
Извадете ги од водата, малку потсушете ги со крпа и убаво од сите страни испрпелајте ги во смесата од зачини.
Од едната страна со игла поставете им конец и обесете ги да се сушат на некое суво, промајно место. Јас ги имав обесено на терасата, ама имаше доста влага и се сушеа можеби две недели. А таму каде што го видов рецептот, кажуваа дека ако е обесено на таван се сушело побрзо.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови