Тестенините ставете ги во посолена зовриена вода да се варат колку што пишува на паковањето.
Тиквичката исечете ја на помали коцки и заедно со исецканото лукче ставете ја во тава со масло да се пржи додека омекне.
Во сад со вилушка измешајте ги јајцата, пармезанот и малку бибер.
Сварените тестенини исцедете ги од водата, додајте ги во тиквичката и измешајте ги. Тавата тргнете ја од огнот и додајте ги јајцата со пармезанот. Измешајте ги и посолете по вкус.
Послужете ги топли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани