Едноставна, лесна и вкусна.

Пандиспања
Се матат јајцата заедно со шеќерот. Се додаваат 12 лажици врела вода, брашното, пецивото и се мешаат за на крај да се додадат лешниците. Се става на хартија намрсена во големиот плех од шпоретот. Се печи во загреана рерна на 180С-25мин.
Пандиспањата се полива со филџанче млеко да добие сочност

Фил
Во едно тенџере се ставаат 12 лажици шеќер и се топи на тивко да се карамелизира. Кога ќе се растопи се додаваат пополека 700мл млеко (да се внимава зошто ќе почне да прска млекото) и се вари млекото додека не се растопи карамелот.
Настрана се меша 100мл млеко со 2 пудинга од ванила и се додава во млекото со карамелот(има светло кафеава боја млекото) и се вари пудингот. Се остава настрана да се олади покривајки го со проѕирна фолија да не фати филот коричка. Кога ќе олади се спојува со изматениот маргарин и шеќерот во хомоген фил. На крајот се додаваа лешниците или оревите по желба. Од овој фил излегува премногу, а плус тоа е и вкусен.

Испеченото и оладено тесто се сечи на 3 дела-ленти. Се премачкува со растопена чоколада измешана со 3 лажици масло и се чека да олади чоколадата. Врз чоколадата се става од филот и се филува на секоја кора.
Наизглед изгледа едноставна, но пандиспањата нема да ви спласне или да се залепи едноставно успешен пандиспањ кој јас редовно го правам скоро за секоја торта-нема промашување.
Озгора може по желба да растопи чоколада или да наросете едноставно ореви или лешници.Тортата може да се замрзне. Успешно се сечат парчиња торта кога ќе постои 1 ден.

 

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани