Капушчањики потекнуваат од Рутенија, област под Карпатите. Рутените (се сретнуваат и како Русини) денес живеат на украинските Карпати, во Словачка, Унгарија, Војводина. Овие полнети лепчиња се посни и традиционално се спремаат за Бадник.

Подготовка
Зелката динстајте ја околу половина час со малку масло и оставете ја да се олади.
Од сите состојки за тестото замесете средно тесто и оставете го да одмори околу 15 минути. Потоа малку премесете го и поделете го на 4 топчиња.
Секое топче исукајте го тенко и ставете 1 полна лажица од пржената зелка на средината. Страните на кругот преклопете ги како плик за целосно да се затвори делот со зелка или соберете ги како торбичка. Јас спремав на двата начина и сеуште не можам да одлучам кој е подобриот начин. Разликата е само во финалниот изглед. На првиот начин се добиваат квадрати, а на вториот кругови.
Потоа пак исукајте да добиете што потенко тесто, овој пат полнето со зелка. Ако ви излезе зелката преку тестото ставете малку брашно преку неа.
Вака подготвените капушчањики се пржат во нелеплива тава, на средно висока температурта, на многу малку масло. Готовите се ставаат во сад, се покриваат со капак и се оставаат да отстојат 10-15 минути.

Ние ги јадевме за ручек како тортиљи полнети со кебапчиња, но може да се јадат за доручек или вечера.

Пријатен апетит!

Напомена
Може да употребите и веќе спремена зелка која ви останала од подварок на пример.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани