Капри калцоне
За тестото прво ставете го квасецот во половина чаша млака вода со 2-3 лажици брашно и шеќерот. Оставете го да се активира и помешајте го останатите состојки за тестото. Треба да се добие средно меко тесто. Откако ќе го измесите тестото оставете го покриено на топло околу 1 час или додека го зголеми својот волумен дупло.
За тоа време подгответе го филот.
Шунката исечете ја на ленти, шампињоните на тенки ливчиња, маслинките на мали парчиња, кашкавалот изрендајте го на крупно и се измешајте со кечапот и ориганото.
Потоа благо премесете го и поделете го тестото на 8 топчиња. Секое топче расукајте го тенко на околу 3-4 мм и ставете 1/8 од филот на половина од кругот, но не на периферијата. Преклопете го на пола и спојте ги краевите со „витка“.
Вака подготвените калцони ставете ги по 4 во плех обложен со хартија за печење. Премачкајте ги со изматено јајце и посипете сусам одозгора.
Кога ќе ги спремите сите уклучете ја рерната да се загрее на 250 степени. Ставете ги во загреаната рерна и намалете ја температурата на 220 степени. Се печат додека не добијат убава боја.
Пријатен апетит!
Лиценца: Сите права се задржани