За пандишпанот
Се матат јајцата со шеќерот. Откако ќе се изматат убаво се додава брашното.
Смесата се става во правоаголно тавче обложено со хартија и се пече на 200 степени околу 10-12 мин.
Откако ќе се испече и олади, се вади од тавчето, му се одстранува хартијата и повторно се става во тавчето.

За филот
Се става желатин во 50 мл вода за да нарасне.
Во сад на оган се става 120 мл вода со шеќерот за да се стопи.
Потоа во него се додава желатинот и се меша со лажица за да се стопи.
Во друг сад се става павлаката ( јас користев спитико) и се мати со миксер и постепено се додава желатинот, сето тоа се мати 5 мин. и потоа половина од смесата се става во тавчето со пандишпан, па врз него се става исецканото овошје ( може било што по желба) и желето. Потоа врз него се става останата смеса со павлаката.
Се става 2-3 часа во ладилник да се стегне и спремно е за јадење.
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер ; Касерола

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови