Здрави сникерс/баунти штангли
Овие извонредни чоколатца ги пробав кај комшиката вчера и можам да кажам слободно дека се подобри од вистинските сникерси. Вкусот некако ми дојде како мешавина на Сникерс, Марс и Баунти - совршен. А состојките далеку поздрави,. Комбинација на мека внатрешност и печени кикири, одозгора прелеани со крцкаво чоколадо, буквално се топат в уста.
Припрема
1. Прво потопете ги урмите во топла вода околу 1 час за полесно да се блендираат. Потоа подгответе ја подлогата. Ставете ги овесните снегулки во блендер и додадете ги урмите и кокосовото масло кое треба да е растопено. Блендирајте додека не се добие изедначена смеса.
2. Добиената смеса пренесете ја во тавче обложено со хартија за печење димензии 24 на 20цм, изедначете ја убаво и ставете во фрижидер да се стврдне.
3. Во меѓувреме подгответе го кремот од кикири. Ставете ги урмите и путерот од кикири со прстофат сол во блендер додека не се добие кремаста смеса. Оваа смеса нанесете ја врз подлогата, а одозгора ставете ги рамномерно кикирите и нежно притиснете ги кикирите за да навлезат во кремот. Вратете го тавчето во фрижидер неколку часа за да се стегне убаво смесата.
4. Потоа откако убаво ќе се стврдне, сечете ја смесата на 16 плочки. Чоколадото заедно со кокосовото масло растопете ги на пареа или во микробранова и секоја плочка чоколадирајте ја посебно.
Оставете ги убаво да се оладат во фрижидер и уживајте во прекрасниот вкус.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови