Подготовка

1. Сите состојки за основата ги мешаме во процесор за храна или блендер. Ја додаваме смесата во помал калап. Јас користев алуминиумски сад за една употреба со димензии 20х10цм. Го оставаме калапот во замрзнувач.
2. Сите состојки за карамел слојот ги додаваме во процесор или блендер. Обработуваме до целосно соединување. Добиената смеса ја додаваме во калапот врз основата. Враќаме во замрзнувач половина час.
2. Сите состојки за преливот ги мешаме со жица во длабок сад. Кога ќе се изедначи смесата ја истураме во калапот и оставаме да се стегне во замрзнувач уште десетина минути. Откако ќе се стегне, чувајте го во фрижидер до послужување. На здравје!

*може и без оревите, јас ги додадов бидејќи така повеќе ми се допаѓа вкусот

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани