Од сите испробани теста за кифли ова е според мене највкусно и најмеко. Сите форми што сум пробала да ги правам биле успешни, зајчињава се едни од нив.
Да, далеку е велигден, ама сега дојдоа на ред за испраќање.
На почетоткот на мојата кариера во месењето, секогаш прво го активирав квасецот со млекото, се додека еден мајстор за месење не ми кажа дека така се губи експлозивноста на квасецот. Го послушав и не згрешив.
Значи од сите состојки замесуваме меко тесто, го оставаме да стаса. Откако ќе стаса го делиме на 32 топчиња. Секое топче го делиме на три топчиња со различна големина, мало, средно и големо. Најмалото ќе биде опавчето, средното ќе биде главата со ушите, а големото телото со раче. Во дополнителните фотографии е покажан начинот на формирање. Формираните зајчиња ги редиме во тава и на делот кај главата ставаме семка лупен сончоглед, како око. (во рецептот стоеше дека се става зрно бибер, ама јас мислам дека е пооргинално со семка од сончоглед. На крај се премачкуваат со жолчка. Се печат додека заруменат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови